ЈОВЧЕСКИ: Прилеп е подготвен да ги прими сите гости од другите градови од Македонија за заедно да го прославиме овој значаен јубилеј за Прилепска Пиварница

Сподели го ова:


























Прилеп е подготвен да ги прими сите гости од другите градови од Македонија за заедно да го прославиме овој значаен јубилеј за Прилепска Пиварница – нагласи прилепскиот градоначалник Борче Јовчески на денешната прес конференција, каде меѓу другото истакна:

“На денешната прес-конференција најпрво од мое име и од името на Локалната самоуправа на општина Прилеп, на генералниот директор Сашко Самарџиоски, и неговото семејство им ја честитав 100- годишнината од постоењето на Прилепската пиварница.

Честитки за јубилејот и уште многу векови да опстојувате.

🎉 Мора да признаеме, дека денеска мал број компании во Македонија, а верувам и на Балканот, можат да се пофалат со еден ваков јубилеј. А, тоа значи еден век чување, развој негување на бизнисот, одговорност, посветеност, пребродување на сите падови што можат настанат низ годините на развој, со прилагодувањето од економски кризи, од опшествените – економски промени. И, во една таква турбуленција во овие 100 години да опстанеш, да се развиваш и да бидеш лидер во пивската индустрија во Македонија, е за секоја почит.

🍻 Верувам дека утре сите заедно ќе уживаме во брендовите на Прилепска пиварница, Крали Марко , Златен Даб и како добри домаќини, Прилеп е подготвен да ги прими сите гости од другите градови од Македонија за заедно да го прославиме овој значаен јубилеј за Прилепска Пиварница, но и за Прилеп, кој како град е горд што има ваква компанија во својата заедница.

Уште еднаш сакам да посакам честит роденден и јубилеј и еве, како градоначалник ги поканувам сите граѓани на Република Македонија утревечер да дојдат во нашиот град и да уживаат во забавата!” – нагласи прилепскиот градоначалник Борче Јовчески на денешната прес конференција.




Сподели го ова:

Слични објави