Крушевскиот градоначалник обезбеди уште една вредна донација за Крушево! Овој пат ОКТА донираше пумпен агрегат
Значајна донација од компанијата ОКТА за Општина Крушево! Оваа донација претставува конкретна и исклучително важна поддршка во обезбедувањето сигурно и непречено водоснабдување за крушевските граѓани.

“Донацијата на новиот пумпен агрегат овозможува стабилно функционирање на водоснабдителниот систем и континуиран пристап до чиста вода, што директно го подобрува секојдневниот живот и квалитетот на живеење во нашата заедница.
На средбата со главниот извршен директор на ОКТА, г. Димитриос Пасхос, беше потврдена долгогодишната посветеност на компанијата да биде одговорен, сигурен и активен партнер на Општина Крушево. Ваквите примери на општествена одговорност се од огромно значење за локалниот развој и претставуваат вистински модел за соработка меѓу приватниот сектор и локалната самоуправа.
Во мое лично име и во име на граѓаните на Крушево, изразувам искрена благодарност до ОКТА за поддршката, довербата и вложувањето во доброто на нашата заедница. Заедно градиме посилно, поодржливо и подобро Крушево” – порача градоначалникот Чонески.


















