Прилепската пратеничка Билјана Кузманоска е дел од новиот Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ
Билјана Кузманоска е дел од новиот Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
“Вечерва ми е укажана честа да бидам избрана за член на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Искрено им благодарам на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски и на претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, за укажаната доверба и можноста да бидам дел од раководството на Унијата.
Секоја доверба носи чест, но и обврска да ја оправдаш.
За мене, ова не е само нова улога, туку дополнителна одговорност да продолжам да работам посветено, чесно и со целосна енергија за вредностите во кои веруваме и за луѓето кои ни ја даваат својата доверба.
Горда сум што ќе бидам дел од тим составен од успешни, докажани и инспиративни жени, секоја со свое знаење, искуство и професионален интегритет. Убедена сум дека токму заедништвото, меѓусебната поддршка и различните перспективи ќе бидат нашата најголема сила.
Верувам во Унија на жени која не само што ќе ги охрабрува жените да бидат активни, туку ќе биде двигател на идеи, политики и иницијативи што ќе придонесуваат за развојот на општеството и подобар живот за сите граѓани.
Благодарам за укажаната доверба. Ќе ја оправдам со работа, одговорност и резултати.
Пред нас се нови предизвици, но и нови можности. Со работа, единство и искрена посветеност, сигурна сум дека ќе оставиме резултати со кои сите ќе се гордееме” – истакна Кузманоска.


















