|

Наредната година Елеонора Симоноска по четврт пат ќе настапи на “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2023 година

Сподели го ова:


























Веќе еден месец се започнати подготовките за наредното, спектакуларно фестивалско издание на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, кое ќе се случи наредната 2023 година. Имено, родителите на Ели по четврт пат му ја доверија довербата на Гоце Балада да и создаде екстра песна (музика и текст) за следното издание на “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2023. Со други зборови, оваа детска музичка ѕвезда ќе ја гледаме и на најновото фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се одржи во Мај 2023 година во Прилеп. Песната која ќе ја отпее Ели наредната година е во екстра модерен стил, песна која што со сигурност ќе ги освои срцата на присутната публика, а песната ќе биде посветена на нејзината мајка.Колку за потсетување, Елеонора Симоноска оваа година по трет пат настапи на овој најактуелен и најпопуларен детски фестивал со песната “Позната сум јас”, песна која што наиде на голем број на позитивни реакции кај публиката, а имено Ели, исто како и сите останати учесници од Весели Ѕвончиња, ќе настапи овој викенд на плоштадите во Охрид и Битола. Секој сака да е дел од Весели ѕвончиња, зарем не?

Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец мај 2023 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!

 




Сподели го ова:

Слични објави