Секоја чест! Ученичките од ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп се новите ДРЖАВНИ ШАМПИОНКИ во мал фудбал, освојувајќи го првото место на државното финале од Плазма Спортските игри на младите
Ученичките од ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп се новите ДРЖАВНИ ШАМПИОНКИ во мал фудбал, освојувајќи го првото место на државното финале од Плазма Спортските игри на младите, одржано на 30 јуни во Скопје. Веста ја потвдија и од ООУ “Гоце Делчев”, од каде соопштуваат:
“Нашите златни шампионки:
Ања
Елена
Ангелина
Лина
Јана
Клара
Ана Марија
Мелани
Лана. Со срце, пожртвуваност, дисциплина и вистински тимски дух, овие извонредни девојки испишаа нова страница во спортската историја на нашето училиште, достоинствено претставувајќи го ООУ „Гоце Делчев“, градот Прилеп и нашата Македонија.
Посебна благодарност и честитки до нивниот наставник и ментор Игор Чадамов, чија професионалност, посветеност и неизмерна верба во учениците беа клучни во создавањето на оваа шампионска генерација.
Но, ова е само почеток!
Како државни шампионки, нашите фудбалерки од 17 до 22 август ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство во Сплит, Хрватска.
Уверени сме дека ќе продолжат да нè прават горди и ќе се борат со истото шампионско срце.
Од срце ви честитаме, драги девојки! Вие сте пример дека со труд, заедништво и истрајност секој сон може да стане реалност.
Честитки до тимот предводен од наставникот Мартин Митрески и освоеното
Второ место во одбојка на песок и
тимот предводен од наставникот Влатко Тошески и освоеното
Трето место во народна
ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп гордо стои зад своите ученици!” – се вели во соопштението од ООУ “Гоце Делчев”.


















