После искажаните неточни наводи излезени во јавност, ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп испраќа демант на истите
После искажаните неточни наводи излезени во јавност, ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп испраќа демант на истите-нивниот демант Ви го прикажуваме во целост:
“Во интерес на целокупната јавност и транспарентното работење на јавното претпријатие потенцираме дека новото раководство пристапи кон решавање на сите затекнати проблеми. Раководниот колектив на ЈКП “Водовод и Канализација” донесе став, на вработените кои се опфатени со Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот за осигурување се смета со зголемено траење, од МТСП во 2011г. под број 32/11 од Службен весник на Р. Македонија и истиот потврден на 17.12.2021г. бр.284 Службен весник на Р.М.од 01.02.2022г. да им се исплаќа бенифициран стаж. Станува збор за вработени кои се даватели на услуги во ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп. Дел од вработените доброволно во интерес на финансиската состојба и работењето на претпријатието се откажаа од побарувањата по овој основ за претходните години. Додека дел одлучиле да си го остварат правото преку други процеси.Нагласуваме дека новото раководство на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп работи и ќе работи согласно законските прописи и правила, целосно во интерес на претпријатието и вработените, преку почититување и негување на човечките односи и зголемување на квалитетот на услугите”- се истакнува во денешниот демант на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп