“Не заборавај да се сетиш на мене”: Попладнево беше погребан Владо Јаневски на гробиштата во Бутел
Синоќа пред платото на СЦ „Борис Трајковски“, Македонија му оддаде почит на човекот кој со своите песни остави белег во срцата на генерации.
Владо беше емоција, спомен, љубов кон градот, кон луѓето, кон Македонија.
Неговите песни се дел од нашите животи, од нашите радости, од нашите тивки моменти, од нашите победи.
Попладнево Јаневски беше погребан на гробиштата во Бутел, а на неговиот закоп присуствуваа реки од народ кои му оддадоа последна почит на чаирскиот романтичар.
Збогум Владо!


















