Општина Прилеп и волонтери од Црвениот крст им делeа шишиња вода на прилепчани за подобро справување со жешкото лето

Сподели го ова:























Поради зголемената фреквенција на луѓе на денешниот пазарен ден во Прилеп, како превенција од топлотниот бран, Општина Прилеп заедно со Црвениот Крст-Прилеп излегоа со заедничка акција. Волонтери од прилепскиот Црвен крст, денеска на непосредните менувачи им делеа шишиња со вода и едукативни флаери „Како против топлотниот бран“ .

Во централното градско подрачје помеѓу граѓаните беше присутен и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој нагласи дека вакви и слични превентивни активности, Локалната самоуправа заедно со Црвен Крст – Прилеп ќе има и понатаму во интерес на сите граѓани доколу продолжи топлотниот бран, но сепак останува апелот и препораките кои ги упатувааат здравствените институции во Македонија да се избегнува директната изложеност на сонце и прилепчани да го избегнат престојот на отворено во периодот од 11 до 17 часот, исто така апелираше и Јовчески.

Со цел справување со жештините и за гаснење на жедта, Општина Прилеп и ЈКП „Водовод и Канализација“ ги активираа и ги ставија во функција и сите јавни 18 градски чешми – фонтани, на територијата на општина Прилеп, со цел граѓаните и жителите од населените места да ги користат за пиење и разладување.

Воедно, Општина Прилеп и сите ЈКП во Прилеп почитувајќи ги одлуките за намалување на ризиците од високи температури, од 17 јули до 25 јули ги ослободија од физичко присуство на работното место и најранливите групи: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, со организирање на онлајн работа, таму каде техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа.



Сподели го ова:

Слични објави