Прилепските комуналци го уредуваат влезот на Прилеп од бензиската станица на Лук Оил
Комуналните служби го уредуваат влезот во градот од бензиската станица на Лук Оил. Постојано се работи, се со цел влезот на Прилеп да го добие оној лик кој го заслужува.
Колку за потсетување ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, излезе со известување пред некој ден преку кое ги информира граѓаните дека извршува миење на улиците од 04:00 часот . Миењето на улиците со преден млаз се извршува според Програмата за одржување на јавна хигиена.
















