Харис Џиновиќ – вечерва на пивскиот фестивал во Прилеп

Сподели го ова:





























Вчера вечерта во Прилеп, беше отворен годинешниот Пиво Фестивал 2025 – манифестација што веќе одамна ја надмина локалната рамка и стана симбол на летото, забавата и гостопримството во нашата држава!

Овие три фестивалски денови треба да донесат повеќе од музика, пиво и скара – тие значат економски бенефит за градот, поддршка за локалните бизниси, нова енергија за угостителството и нова можност за Прилеп да блесне пред илјадници посетители.

Вчера вечерта настапија голем број на изведувачи кои со својата енергија не забавуваа и направија овој фестивал да биде незаборавен! Прилеп живее со овој фестивал, но и расте заедно со него. Денеска, главна ѕвезда на вечерта ќе биде Харис Џиновиќ. Нека биде ова уште една вечер за паметење!




Сподели го ова:

Слични објави