Чонески: Крушево и ова лето ќе биде домаќин на традиционалниот Меморијален одбојкарски турнир „Тодор Ѓоргиески – Тодорче“
Крушево и ова лето ќе биде домаќин на традиционалниот Меморијален одбојкарски турнир „Тодор Ѓоргиески – Тодорче“, а веста ја потврди крушевскиот градоначалник Нико Чонески кој истакна:
“Овој турнир не е само спортски настан, туку и начин да се зачува споменот на Тодорче – вљубеник во спортот и посветен одбојкар, кој остави трага меѓу своите пријатели, соиграчи и сограѓани. Преку спортот и фер-плејот, продолжува да живее неговото дело и вредностите што ги негуваше.
Во текот на јули, 12 екипи од цела Македонија ќе се натпреваруваат во спортската сала „Војвода Ѓорги Стојанов“, придонесувајќи оваа спортска традиција од година во година да расте и да го негува споменот на Тодорче.
Благодарност до организаторите, учесниците и сите кои со своето присуство и поддршка придонесуваат овој турнир да остане симбол на спортскиот дух, пријателството и почитта кон ликот и делото на Тодор Ѓоргиески – Тодорче.
На сите екипи им посакувам успешен настап и фер натпреварување” – истакна Чонески.
















