Проданоски: Општина Прилеп доби 8.318 нови канти за селекција на отпад, 126 нови контејнери и 9 специјализирани возила за собирање отпад

Сподели го ова:





























Општина Прилеп доби 8.318 нови канти за селекција на отпад, 126 нови контејнери и 9 специјализирани возила за собирање отпад. Градоначалникор Дејан Проданоски заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ја промовирава новата опрема што Општина Прилеп ја добива во рамки на проектот за унапредување на системот за управување со отпад.

“За прилепските домаќинства се обезбедени 8.318 канти од 120 литри за примарна селекција на отпад, додека 126 нови контејнери од 1,1 м³ ќе бидат поставени во градот и ќе ги заменат дотраените и оштетени садови за отпад.

Во рамки на проектот, Прилеп добива и вкупно 9 специјализирани возила за собирање отпад, од кои три веќе се испорачани, а останатите ќе пристигнуваат во наредниот период. Со ова значително се подобруваат условите за работа на ЈКП „Комуналец“ и се зголемува ефикасноста во одржувањето на јавната хигиена.

Дополнително, во тек е постапката за набавка и поставување на 48 полуподземни контејнери, инвестиција вредна над 18,6 милиони денари, обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Прилеп со години е еден од лидерите во селекцијата на отпадот и заштитата на животната средина.

Со овие инвестиции дополнително ги зајакнуваме капацитетите на нашиот град и создаваме подобри услови за почиста и поздрава животна средина.

Благодарност до Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата за континуираната поддршка што ја добива Општина Прилеп во реализацијата на значајни еколошки и инфраструктурни проекти.

Продолжуваме да инвестираме во модерен, чист и зелен Прилеп!” – истакна Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави