СВР БИТОЛА: Автомобилот на Црномаров не е намерно запален

Сподели го ова:





























“Секторот за внатрешни работи Битола ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи за наводно намерно опожарување на патничко возило во сопственост на Д.Ц.(73) од Битола.

Ја информираме јавноста дека на 24.08.2025 во 01:38 часот во СВР Битола во својство на пријавител Д.Ц.(73) од Битола пријави дека, додека го паркирал своето патничко возило „опел омега“ на ул.„Солунска” во Битола, тоа се запалило во предниот дел и почнало да гори. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а увид изврши увидна екипа на СВР Битола. Апелираме да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните” – информираат од СВР Битола.




Сподели го ова:

Слични објави