Градоначалникот Стевановски на 150 ученици им обезбеди бесплатен одмор на Пелистер
Вкупно 150 ученици од прво до деветто одделение ќе имаат можност бесплатно да престојуваат во Хотел „Молика“, да уживаат во чистиот планински воздух, да создаваат нови пријателства и незаборавни спомени. Благодарение на посветеноста на Општина Новаци и градоначалникот Стевче Стевановски, како и на одличната соработка со АД ЕСМ , ELEM Rek Bitola и. Esm Molika Dooel Bitola, повторно се реализираат „Зелените денови“ на Пелистер за учениците од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци. Денес градоначалникот Стевче Стевановски ја испрати првата група од 75 ученици, посакувајќи им убав престој, многу дружење и незаборавни моменти на Пелистер, додека втората група со нетрпение го очекува своето заминување.
Пред многу години оваа прекрасна традиција беше прекината, но денес повторно се враќа насмевката на лицата на нашите најмлади!
“Ова е уште еден доказ дека кога локалната самоуправа, стопанството и општествено одговорните компании работат заедно, резултатите се во корист на идните генерации. Особено радува фактот што по долг период на прекин, повторно се оживува една традиција која оставила прекрасни спомени кај многу генерации ученици од Општина Новаци. Со цел поттикнување на здравјето и психо-физичкиот развој на учениците, директорот на Термоелектрани при РЕК Битола, Никола Кузмановски, истакна дека е чест да се продолжи оваа долгогодишна пракса и ќе се продолжи со ставање фокус на младите генерации, нивното здравје, образование, дружење и создавање морални вредности. Благодарност до сите кои придонесоа оваа иницијатива повторно да стане реалност и да им овозможи на децата здрав развој, дружење и учење во природа” – се истекнува во соопштението од Општина Новаци.
















