ВИДЕО – Гинов: Над 70 милиони денари инвестираме во водоводната инфраструктура во Општина Битола
Нови инвестиции во водоводната инфраструктура во Битола. Имено на денешниот прес, директорот на ЈП Водовод – Битола, Андреј Гинов, истакна дека во Општина Битола ќе бидат инвестирани над 70 милиони денари во водоводната инфраструктура.
“Со реализација на повеќе проекти за изградба и реконструкција на водоводната мрежа, обезбедуваме поквалитетно и посигурно водоснабдување. Продолжуваме со инвестиции во современа и одржлива инфраструктура која ги подобрува условите за живот за сите корисници” – порача директорот Гинов.
Целосниот говор на директорот Гинов, погледнете го во видеото, кое следи во прилог на оваа објава:
















