Директорот Михајловски: Нови паркинзи во Битола на повеќе локации
Директорот на ЈП Паркинзи – Зоран Михајловски, на денешната прес конференција најави нови паркинзи во Битола, кои ќе бидат на повеќе локации.
“Во соработка со Општина Битола, превземаме конкретни чекори за обезбедување на нови паркинг места. Во оваа прилика сакам да информирам за новите паркинг места кои ќе ги добие Битола, а се во делот на старото градско јадро, односно поширокото градско подрајче.
Како што е познато, еден е паркинг просторот кај Овчи Пазар, другиот кај Хелихоптерот, третиот кај Ат Пазар, четвртиот кај Кифлата и петтиот кај стариот Финансов на ул. Браќа Џаферови. Како што гледате зад мене деновиве почнаа активности за пристапување кон работа за изградба на улицата со паркинг простор – а се работи и на уште една локација кај Хелихоптерот. Со ова ќе добиеме околу 150 паркинг нови места” – истакна директорот на ЈП Паркинзи-Битола. Зоран Михајловски.
Целосната изјава на директорот Михајловски, погледнете ја во прилог:


















