Започна реализацијата на нов проект во прилепско Канатларци
Општина Прилеп продолжува со инвестирање во секое училиште и во секое населено место, во градот под Марковите Кули. Во прилепско Канатларци започна проект кој опфаќа партерно уредување во ООУ „Кирил и Методиј“ во ова населено место.
Со овој проект значително ќе бидат подобрени условите за работа во училиштето, а Општина Прилеп за овој проект одвои 2 000 000 денари.