Кој во Битола ги пали пластичните контејнери? Битолски Комуналец апелира граѓаните во иднина да се воздржат од вакви дејства како и да внимаваат на содржината на отпадот кој го одлагаат
Како што информира ЈКП Комуналец-Битола, во саботата во вечерните часови биле опожарени 4 пластични контејнери за комунален отпад поставени на ул.Булевар 1-ви мај во близина на Нептун. Во текот на следниот ден истите истите биле отстранети од екипите на ЈП Комуналец, а за настанот известена била и СВР Битола.

ЈП Комуналец апелира граѓаните во иднина да се воздржат од вакви дејства како и да внимаваат на содржината на отпадот кој го одлагаат.


















