“ВЕСЕЛО” БИЛО ИЗМИНАТИОТ ВИКЕНД ВО ПРИЛЕП: Казни за повеќе прилепчани кои возеле под дејство на алкохол
Вечерта (24/25.02.2024)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 18 возачи од кои (10 во Битола,4 во Прилеп, два во Ресен и по еден Демир Хисар и Македонски Брод), а откриени биле и 16 друг вид прекршоци – информира МВР.