БУНТЕСКИ: Со одговорно и посветено работење им обезбедуваме современи услови на учениците и вработените во ООУ”Круме Волнароски”

Сподели го ова:


























Нови инвестиции во подрачното основно училиште во Старо Лагово. Станува збор за 48 нови клупи и столчиња за исто толку ученици од прво до деветто одделение, а воедно направена е и целосна рехабилитација на санитарните јазли, поставени се телевизори за секоја училница, како и ново проектиран и реализиран излез од училиштето – според законските регулативи за безбедност. За краток период, инвестирани се над 500 000 денари во ова подрачно училиште. Во наредниов период ќе се започне и со партерно уредување на дворот!

“Создаваме поквалитетна иднина за нашите најмили преку подобрување на условите за нивниот развој, а со тоа вложуваме и во иднината на нашата општина Прилеп. Населените места се посебно важни за Општината. Училиштата се срцата на населените места. Со одговорно и посветено работење им обезбедуваме современи услови на учениците и вработените во ООУ”Круме Волнароски’ кои даваат максимален придонес во образовниот процес. Со целосна поддршка од локалната самоуправа и градоначалникот Борче Јовчески во иднина ќе реализираме уште проекти со кои ќе се подобруваат условите за развој на училиштето” – истакна Дејан Бунтески, директорот на ова училиште.




Сподели го ова:

Слични објави