Погледнете! Изминативе денови Камената бина во центарот на Прилеп беше исполнета со детска смеа, музика, креативност и позитивна енергија

Изминативе денови, Камената бина во центарот на Прилеп беше исполнета со детска смеа, музика, креативност и позитивна енергија. Учениците од ООУ „Климент Охридски“ со концертот „Ајде да играме и да пееме“ приредија вечер исполнета со прекрасни музички изведби и сценски настапи. Од првите акорди до последниот аплауз, публиката уживаше во програма која уште еднаш потврди дека талентот најсилно блеска кога е надграден со труд, посветеност и љубов кон уметноста.

Потоа, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ ја претворија Камената бина во вистинска детска сцена на радоста преку манифестацијата „Детската насмевка – најубавиот украс на нашиот град“. Со песна, игра и многу насмевки, тие испратија порака дека најубавите спомени се создаваат токму преку детската искреност, дружењето и заедничкото славење на младоста.
Општина Прилеп упатува искрени честитки до учениците, наставниците, родителите и раководствата на двете училишта за успешно реализираните настани, кои донесоа убавина, живост и ведрина во срцето на градот.
Кога децата творат, пеат и настапуваат, тие не само што ја покажуваат својата дарба, туку го прават Прилеп побогат со нова енергија, идеи и надеж. Токму затоа ваквите настани се најубав потсетник дека иднината на нашиот град расте на вистински темели.


















