Крушево никогаш не било почисто! Градоначалникот Чонески постојано се грижи за хигиената во градот
Општина Крушево во координација со ЈП Комуна – Крушево, продолжува со редовните активности за одржување на јавната хигиена и уредување на јавните површини. Во текот на денешниот ден се спроведува косење на тревата на повеќе локации низ градот, како и чистење на улиците со помош на противпожарното возило.

Овие активности придонесуваат за почиста, поуредна и побезбедна животна средина за сите граѓани. Општина Крушево останува посветена на континуираното одржување на јавните простори и подобрување на условите за живот во нашата општина – истакна крушевскиот градоначалник Нико Чонески.


















