Лашкоска и Ристески бараат слобода за Јане Ченто и останатите осудени во случајот 27-ми Април
Прилепските пратеници од редот на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска и Петар Ристески, бараат СЛОБОДА за осудените за случајот 27-ми Април!
”СЛОБОДА за осудените во политички монтираниот случај за 27ми Април!Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Собранието на Република Македонија поднесе Предлог на закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27ми април 2017та година.
Овој Предлог на закон го поднесуваме и е резултат на иницијативата и заедничката заложба на адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Со овој закон ќе бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27ми април, без исклучок.
Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се надеваме дека мнозинството ќе го поддржи, прифати и ќе гласа за овој Предлог на закон бидејќи во спротивно, доколку не го стори тоа, ќе покаже и докаже дека за нив, селективноста е на прво место, a владеењето на правото и правдата во Македонија ги нема никаде” – се наведува во Facebook објавите на прилепските пратеници Ане Лашкоска и Петар Ристески.