Чонески не запира! Ќе се градат две нови современи полетувалишта за параглајдинг во Крушево
Одлична вест сподели градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески. Имено во Крушево се започнува со изградба на две нови современи полетувалишта за параглајдинг.
Проектот опфаќа вкупно 2.008 м² вештачка и 1.503 м² природна трева. Ова значи двојно поголем капацитет на Центарот, максимална безбедност за пилотите и заштита на опремата.
Крушево продолжува да се развива како светски препознатлива параглајдинг дестинација и центар за спортски туризам.


















