Нашата библиска земја! Поставен камен-темелник на Црквата „Лазарево Воскресение“ во село Раштани
Денеска беше поставен камен-темелник на Црквата „Лазарево Воскресение“ во село Раштани, Велес. Станува збор за црковен дом што ќе биде извор на надеж, утеха и благослов за генерациите што доаѓаат.

Овој чин не е само почеток на изградба од камен и малтер, ова е почеток на едно духовно патување, заеднички стремеж кон божјата светлина и вистина. Да се гради црква е света работа, тоа значи да се изгради темел во срцето на народот. А денешниот ден покажа дека народот од Раштани и пошироко има силна душа и големо срце. Благодарност до сите што беа присутни, до оние што со својата поддршка, труд и вера помогнаа ова да стане реалност. Господ да го благослови секој чекор понатаму и ова свето место да расте со љубов, како сведоштво за воскресението, надежта и заедништвото на нашиот народ. Со вера во Бога, со љубов кон луѓето, чекориме напред – порача премиерот Мицкоски.

















