Чонески до крушевските матуранти: Бидете горди на сè што постигнавте досега и продолжете самоуверено по патот што сте го избрале

Сподели го ова:





























Крушевскиот градоначалник Нико Чонески ги посети крушевските матуранти, кои ги поздрави со поздравен говор преку кој што самиот тој им посака многу успех, среќа и храброст во остварувањето на нивните соништа и планови:

“Имав чест и задоволство да бидам дел од еден посебен ден за нашите матуранти. Со многу насмевки, позитивна енергија и убаво расположение, заедно го одбележавме крајот на едно важно поглавје и почетокот на нови предизвици и успеси.

На сите матуранти им посакувам многу среќа, успех и храброст во остварувањето на своите соништа. Бидете горди на сè што постигнавте досега и продолжете самоуверено по патот што сте го избрале” – порача крушевскиот градоначалник Нико Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави