ЌЕ ИМ СЕ ПОГОДИ ВРЕМЕТО: За Водици температурата ќе биде до 14-тиот степен
Во четврток и петок ќе имаме повремен локален дожд, и ќе дува засилен јужен ветер.
Сето тоа ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст, и истите се очекува да достигнат до 14-тиот степен, што значи верниците кои ќе скокаат по светиот крст во петок на Водици, нема да се соочат со минусни температури, туку напротив, температурите ќе бидат невообичаени за овој зимски период.
Промена на времето ќе имаме во сабота, кога се очекува и формирање на снежна покривка и во некои пониски места.