УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Студентот во Македонија не може да добие пристап до основни услови за живот

Сподели го ова:
























Додека соседните земи испраќаат сателити во вселената, градат автопати и железници и секојдневно ги подобруваат условите за младите, студентот во Македонија не може да добие пристап до основни услови за живот – истакнaa од УМС на ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение во кое се вели:

“Нецелосни оброци, нехигиена и негрижа за храната, недостаток од топла вода, недостаток од струја и греење и нефункционални уреди. Пораките кои студентите што престојуваат во студентскиот дом , Стив Наумов” ги испратија до нас, покажуваат дека образовниот систем и условите за младите во Македонија се сѐ уште заглавени во минатиот век. Владата и лицата кои се назначени за раководење со студентските домови, кои треба да бидат простори за безгрижен живот на студентите и академски развој, немаат способност да оспособат обични рингли, фрижидери и лифтови, дополнително отежнувајќи го секојдневниот живот во објектите во кои не се вложува ни приближно до она што е потребно.

Повеке од очигледно е дека ниту едно ветување што владината коалиција го дава во последите 6 години не е реализирано, а мерките што пиар тимот на премиерот и младината на СДСМ ги промовираат претставуваат само скапо платена претстава за замајување на јавноста со наводна грижа за студентите.

Без притисок од самите нас како млади луѓе, Владата и наделжните само ќе останат индиферентни за сите проблеми со кои се соочуваме. За сега нема ниту трага ниту глас на прашањата од студентите за тоа која ќе биде реакцијата на УСС во однос на оваа негрижа.

Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ будно ги следиме сите случувања и сме подготвени да одиме до крај во борбата за подобри услови на студентите и младите луѓе во Македонија” – истакнaa од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави