Во прилепската болница набавен е дигитален рентген апарат и нов кабинет за видео ЕЕГ
Денеска, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски и прилепските пратеници присуствуваа на презентацијата на новата медицинска опрема во прилепската болница.
Имено, набавен е дигитален рентген апарат и нов кабинет за видео ЕЕГ.
Повеќе од очигледно е дека прилепската болница е насочена кон вистинскиот правец кој води до задоволни пациенти и квалитетно здравство.


















