Концертот на Ален Исламовиќ во Битола СЕ OТКАЖУВА
Ве известуваме дека поради приватни причини на Ален Исламовиќ, кој инаку веќе пристигна во Македонија, концертот закажан за денес во Битола се одложува.
Истиот ќе се одржи ова лето, а новиот датум и новата локација ќе бидат официјално објавени во понеделник (18.05).
Сите веќе купени влезници ќе важат и за новиот термин.
За тие кои што нема да им одговара новиот датум, процедурата за рефундација ќе биде објавена заедно со новиот датум – во понеделник.
Се извинуваме за настанатата ситуација и ви благодариме за разбирањето, се гледаме ова лето со истиот настан! – информираат од TicketX


















