СЕКОЈ ОТПАД СИ ИМА СВОЕ МЕСТО – А НЕ ВАКА!! Комуналец со апел до граѓаните

Сподели го ова:





























Апел до граѓаните со пролетното чистење да ја користат бесплатната линија за собирање на други видови отпад.

Почитувани сограѓани!

Заради топлото време и пролетното чистење на домовите , изминатиот неделен ден ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, се соочи со беспотребна критика од одредени граѓани, заради исфрлен отпад во и до контејнерите кој се собира со посебната бесплатна линија секој четврток во месецот. Да напоменеме дека недела е единствен слободен ден за работниците, и не е нималку коректно од куќите да се изнесува отпад во контејнерите кои се наменети исклучиво за станбеното живеење и институциите. Отпадот од домаќинствата се собира редовно и нема никаква потреба да се измачувате и да го одлагате на други места, без оглед на количините кои сте ги собрале.

Ве замолуваме, за габаритниот отпад и др. вид отпад, кој неможе да се собере со редовната линија да се јавувате на отворенета телефонска линија 048/428- 992, на ФБ страницата во порака на ,, Комуналец’’, или со Барање на електронската адреса: presskomunalec@yahoo.com, каде ќе наведете:

– Име и презиме на поседувачот на отпад, каков вид на отпад треба да се подигне и телефонски број за контакт на кој ќе бидете информирани за времето на доѓање на посебната линија за собирање на грабаритен отпад и др. вид на отпад кој неможе да се подигне со редовната линија.

• Габаритен отпад (мебел од дрво, тапациран мебел, јоги, теписи, стиропор, постели, старо стакло и др – не се наплаќа;

• Стаклена амбалажа( стаклени шишиња) Ве замолуваме да одлагате исклучиво во зелените ИГЛО контејнери кои се поставени на 46 локации низ градов.

• Отпадот изработен од пластика кој не ги собира во жолтата канта за пластична амбалажа, оставајте го до жолатата канта во сопствениот двор ( стари туби, гајби, пластични детски играчки, пластични цевки, ролетни и др. производи исклучиво од чиста пластика.

• Отпад од стара облека и обувки се собира со редовната линија и не е потребно да ја исфрлате во контејнерите( наменети за станбеното живеење, институции) или во природа.

За отпадот кој го селектирате во жолтата канта веќе сте обучени и навикнати, за што Ви изразуваме огромна БЛАГОДАРНОСТ!

За градежен отпад, отпад од градење, или поголеми количини на отпад од чистење на визби, тавани и др. Ве замолуваме да ги користите услугите на,, Комуналец’’.

• Градежен шут – трактор 630,оо денари;

• Градежен шут – контејнер 5м3, 1360, оо денари.

За се што скате да прашате слободно комуницирајте со нас.

Почитувани, ред е да научиме дека: ,, СЕКОЈ ОТПАД ИМА СВОЕ МЕСТО’’, да се грижиме за животната средина со почитување на правилата, но пред се со љубов кон сопствената општина и држава.

Македонија се сака со чисти дворови, улици, паркови , плоштади, со чисти ливади, долови, реки и планини…

Да ја покажеме сета љубов кон сопствената Татковина, преку грижата за животната средина!

Со почит,

ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп




Сподели го ова:

Слични објави