БИТОЛСКИОТ ШИРОК СОКАК: Местото кое “тивко шепоти” за убавата Битола

Широк Сокак е најпозната битолска улица, по која некогаш се движеле автомобили, а денес токму тука се наоѓаат најголемите продавници, театарот, центарот за култура, познатите ресторани, хотели, кафулиња, и што ли уште не.
На легендарниот Широк сокак, може да ги сретните најстарите архитектонски дела, а исто така има и уникатни градби кои ја красат Битола уште од турско време.
Во времето на Османлиското царство, официјалното име на Широк сокак било „Султание“ или „Хамидие“, а во 1913 година името се променува во „Крал Петар“. Потоа за време на комунизмот улицата била наречена „Маршал Тито“, за да конечно денес оваа улица го има она вистинско име – “Широк сокак”, легендарниот сокак, кој што говори за минатото, сегашноста и иднината на убавата Битола.