Култното место во Прилеп – игралиштето “Соколана” повторно ќе се стави во употреба
Култното место, таканаречено игралиште во стара Соколана, се чисти за да се стави во употреба. Ова препознатливо место за спорт, дружење на младите и детски игри со години е обраснато од самоник дрвја и шипови, како и купишта отпад создаван со години.
На иницијатива на Локалната самоуправа, комуналците со градежни машини и транспортни возила започнаа со чистење на просторот, кој се наоѓа до салата за пинг- понг, на ул,, Мице Козар”.
Игралиштето во моментов се наоѓа во крајно лоша состојба, со распаднати трибини, кошови, стативи и голови кои повеќе ги нема и искршена подлога
Последните турнири во кошарка на ова игралиште се одржани 2007 – 2008 година.


















