Проданоски: „Топташ Родео 2026“ втора година по ред покажува дека Прилеп сигурно се позиционира како препознатлива дестинација за хард ендуро и големи спортски настани
Топташ повторно беше местото каде што адреналинот, спортскиот дух и љубовта кон мотоспортот создадоа вистински спектакл. „Топташ Родео 2026“ втора година по ред покажува дека Прилеп сигурно се позиционира како препознатлива дестинација за хард ендуро и големи спортски настани. Големиот интерес, одличната атмосфера и бројните натпреварувачи се најдобра потврда дека оваа приказна има сериозна иднина.
“Особено сум горд што заеднички го изградивме првиот хард ендуро и тренинг полигон од ваков тип во државата, простор што ќе остане да се развива и понатаму, носејќи нови настани, посетители и можности за Прилеп. Благодарност до Хард Ендуро Клуб Прилеп, до сите волонтери, компании, поддржувачи и љубители на мотоспортот кои придонесоа овој настан успешно да продолжи и оваа година. На сите натпреварувачи им посакувам успешен и безбеден завршен ден, а на посетителите уште многу добра атмосфера и незаборавни моменти од „Топташ Родео 2026“ – порача Проданоски.


















