ЗА МАКЕДОНИЈА! Групата “Меморија” во етер ја пушти најновата песна “Мој народе”
Пред големиот концерт на групата „Меморија“ на 16-ти ноември годинава во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во етер излезе нивната најнова песна носи наслов „Мој народе“.
Станува збор за песна која длабоко во себе го содржи она национално чувство, чувство за припадност на еден народ, како и желбата да се биде свој. Оние кои ја слушнаа песната, викаат дека таа е новата „патриотско – стадионска химна“. Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а како звучи најновиот музички хит на Меморија, може да слушнете во продолжение: