Крушевскиот градоначалник ја пречека амбасадорката на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом, како и амбасадорот на Република Македонија во Кралството Норвешка, Н.Е. Дритон Кучи

Сподели го ова:





























Денес градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, ја пречека амбасадорката на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом, како и амбасадорот на Република Македонија во Кралството Норвешка, Н.Е. Дритон Кучи.

“На средбата разговаравме за можностите за продлабочување на соработката, особено во делот на локалниот развој, туризмот и поддршката на проекти кои придонесуваат за подобар квалитет на живот на нашите граѓани.

Крушево, како град со богата историја и силен културен идентитет, има потенцијал за уште поголема меѓународна афирмација.

Изразив благодарност за досегашната поддршка и ја потенцирав подготвеноста на Општината за нови иницијативи и партнерства. Верувам дека оваа посета е значаен чекор кон зајакнување на пријателските односи и отворање нови перспективи за развој на Крушево.

Крушево продолжува да гради мостови на соработка и пријателство” – порача Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави