Во наредните денови, Битола ќе биде културен центар и гостопримлив домаќин на врвни актери од 10 различни држави
Битола денес се буди во знакот на монодрамата. Со големо задоволство го најавуваме вечерашниот почетокот на годинешното издание на Фестивалот на монодрама!
Во наредните денови, Битола ќе биде културен центар и гостопримлив домаќин на врвни актери од 10 различни држави.
На сцената ќе имаме можност да погледнеме 13 извонредни монодрами кои ќе ни пренесат силни емоции и уникатни приказни.Легендарната Тијана Дапчевиќ со „Менопауза“доаѓа во Битола! Урнебесен stand-up со гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат По два распродадени настапи во Скопје легендарната Тијана Дапчевиќ доаѓа во Битола со монодрамата „Менопауза“! Урнебесен stand-up со гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат – а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа. Секс, хормони, ПМС кој не знае дали доаѓа или си оди, љубовници без поим за лубрикант и мажи во криза на средни години – Тијана без влакна на јазикот (и со некое ново на брадата) ве освојува уште од првата минута.


















