Незаменливиот Рубин Димкоски направи уште една одлична песна за Филип Николоски – момчето со ангелски глас

Сподели го ова:





























Пред неколку години го издаде своето првенче, песната “Тебе те нема”, песна за која што музиката и текстот ги напиша Гоце Илиески Балада, додека пак аранжманот беше на маестро Рубин Димкоски. Како резултат на големиот успех и популарност на младиот и талентиран Филип Николоски кој го достигна со оваа песна, овој прилепчанец потоа издаде уште неколку музички хитови како што се песните “Вози-вози ме” и “Само на добро нека е”.

Денес, Филип Николоски премиерно ја претстави неговата најнова песна “Срце ми е како ракија” која со сигурност ќе го освои Вашето внимание. Во оваа песна како автори на музиката и текстот се јавуваат незаменливиот Рубин Димкоски и Филип Николоски, музиката и аранжманот се дело на Рубин Димкоски, и истата песна е снимена во неговото “R Music studio”, музичко студио каде што снима речиси целата естрада.

Што се однесува до Филип, за оваа одлична песна има направено екстра квалитетен музички спот, кој го направи Fan production- Зоран Пилата, човек кој што кога станува збор за филмови, свадби и музички спотови последниве години руши рекорди низ цела наша земја. Како изгледа песната и самиот видео запис, погледнете во прилог:




Сподели го ова:

Слични објави