Чонески: Крушево добива сала за фитнес и аеробик во рамките на спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ во Крушево
Денеска крушевскиот градоначалник Нико Чонески, присуствуваше на официјалното отворање на салата за фитнес и аеробик во рамките на спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ во Крушево.
“Овој значаен проект е реализиран во рамките на иницијативата „Младински политики по мерка на младите“, финансиран од програмата на Цивика мобилитас и поддржан од Амбасадата на Швајцарија. Особено ме радува фактот што токму младите од Крушево беа креатори на оваа идеја и активно учествуваа во нејзината реализација.

Со уредувањето на оваа сала, обезбедивме простор кој има двојна намена – претпладне ќе го користат учениците од СОУ „Наум Наумовски – Борче“ за часови по спорт и спортски активности, додека попладне ќе биде отворена за сите кои сакаат да практикуваат фитнес и аеробик.
Проектот е предводен од Про Локал Битола, а во Крушево успешно го спроведе Здружението за млади Емпауринг Крушево, во соработка со училиштето и локалната заедница.
Како градоначалник, горд сум што поддржуваме иницијативи кои директно придонесуваат за подобрување на условите за младите и поттикнуваат здрави животни навики” – порача Чонески.


















