О.К. ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп: Денес во Прилеп во посета дојде министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Која беше целта на нејзината посета? Да придонесе за подобрување на социјалната политика во градот или пак само да се прошета и да се пофали за проектите на Владата на СДСМ?

Сподели го ова:


Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп по повод посетата на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, која што денеска беше во Општина Прилеп. Реакцијата на О.К. ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Ви ја пренесуваме во целост:

Почитувани сограѓани, Денес во Прилеп во посета дојде министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Која беше целта на нејзината посета? Да придонесе за подобрување на социјалната политика во градот или пак само да се прошета и да се пофали за проектите на Владата на СДСМ?.Но, дали, почитувани сограѓани, има нешто што министерката може да го истакне а е позитивно, нешто што е во интерес на граѓаните, а што го направила Владата на СДСМ во овие 5 години? Нема…Наместо создавање на нови работни места СДСМ создаде невработени и корисници на социјална помош, нема ниту денар дополнителна помош за најзагрозените граѓани- корисници на право на помош и нега од друго лице и на лицата со попречености, а сите досегашни зголемувања и на плати и на пензии веќе се „изедени“ од силниот раст на цените на основните животни производи-лебот, маслото…. но и на ел.енергија, горивото, огревот…Почитувана министерка Тренчевска, Денес во Прилеп , се надеваме дека ги видовте резултатите на вашите погрешни политики во економијата во овие 5 години. Видовте, или можеби не, стопанство фрлено на колена, загрижени и исплашени граѓани кои не знаат како ќе преживеат до крајот на месецот, затворени објекти каде што до пред неколку месеци се работеше и се заработуваше. Но, не видовте многу млади лица, бидејќи најголем дел од нив го напуштија Прилеп и Македонија во потрага по среќа и подобар живот, далеку подобар од она што им го донесе СДСМ, која ветуваше „живот за сите“.Единствено задоволни се само оние на кои вашата партија им овозможила некое работно место или некој тендер, а тие не се многу. Се бројат на една рака.Вашата партија и Владата на која и припаѓате не само што ги урнисаа сите здрави економски политики на претходната власт на ВМРО ДПМНЕ, кои создадоа нови 150.000 работни места, што е преседан во 30 годишната историја на самостојна Република Македонија, туку создадовте бесперспективност, очај и разочараност, невидени од времето на транзицијата. Наместо „живот за сите“, животот си течеше „нормално“ за Вашите елити, додека за сите други имаше и има „нова нормалност“, која се карактеризира со експлозивни бројки на заразени од КОВИД, со починати лица кои и не мораа да умрат, но наместо по вакцини се трчаше по провизии, со страв за зачувување на работното место, со немање на нови инвестиции и инвеститори, ниту домашни ниту странски, со секојдневно зголемување на цените на основните производи, а со тоа и трошоците за животните потреби… И наместо сериозно решение за оваа ситуација за која најголем дел од вината лежи токму кај СДСМ, вашата влада им нуди по 1.000 денари месечно, во наредните неколку месеци. Зарем мислите дека мизерни 1.000 денари ќе им помогнат на граѓаните да преживеат???

Ова само покажува колку елитите на СДСМ се „одлепиле“ од реалноста овие 5 години.Почитувани сограѓани, Време е да им се каже Доста е на СДСМ и нејзините истакнати поединци во партијата и владата за нивните погубни политики. Се ближи денот кога одговорот ќе биди силен, одлучен и едногласен. Се ближи денот кога ќе се побара одговорност за се што урнисаа. Некои ќе завршат на буништето на историјата, а некои и во затвор. Секој според заслугите. А ВМРО ДПМНЕ пак, ќе се погрижи за подобар живот на граѓаните“-се вели во реакцијата на О.К. ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп





Сподели го ова:

Слични објави