Погледнете! Денеска во Битола реки од народ во манастирот Св. 40 маченици – Кркардаш

Реки од народ денеска во Битола во манастирот Св. 40 маченици – Кркардаш. Голем број на битолчани уште од рано утрово, го посетија овој манастир кој воедно денеска ја славеше својата манастирска слава посветена на Светите 40 Битолски преподобномаченици.

Овие преподобномаченици се новоканонизирани македонски светители кои биле свештеници и монаси во Битола во втората половина на XIV век, кога Османлиите ја освоиле Битола. 39-те монаси и свештеници веднаш по освојувањето на Битола биле заробени од страната на Агарјаните. За време на заробеништвото и еден муслимански преведувач преминал во христијанство со што бројката пораснала на 40. На деветтиот ден од месецот март 1384 година сите 40 заробени биле погубени на Баирскиот рид во Битола.


















