Директорот на ООУ “Климент Охридски” – Прилеп со ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ до родителите и учениците
Како резултат на немилот настан кој ја потресе нашата земја, директорот на ООУ Климент Охридски – Ахил Јаков, вечерва излезе со ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ кое е упатено до родителите и учениците од ООУ Климент Охридски – Прилеп, во кое се вели:

“Почитувани родители:
Со оглед на немилиот настан што ја потресе цела држава вклучително и нас како училиште..
Наставничкиот совет на училиштето одлучи од утре 06.12 2023 год повторно да се воведе носење на телефон со редуцирано користење и тоа:
-Се забранува користење на телефон во училиштето,за време на часови и одмори..
-Телефонот стои исклучиво во ранецот (исклучен) освен во итни случаеви..
-Телефонот може да се користи само кога ќе заврши наставата и се излезе од училиштето.
Моментално живееме во небезбедно време и се надеваме на побезбедна иднина кога целта на неносење телефон беше за општо добро на учениците” – истакна директорот на ООУ Климент Охридски – Прилеп, Ахил Јаков.
