Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите
Премиерот Христијан Мицкоски со апел до граѓаните кои се жртви на семејно насилство сето тоа да го пријават, и потоа да не ја повлекуваат пријавата, затоа што ако се повлече пријавата тогаш центрите за социјална работа и Министерството не можат ништо да направат.
Навистина трагедија! Жалам што тоа се случувало во минатото – што се случува, и претпоставувам дека ќе имаме вакви настани и во иднина. Но, тој број треба да го намалиме. Ние како држвата и како Влада ќе застанеме целосно во функција на жртвите на ваков тип на девијатно однесување. Ги молам, сите оние жртви на девијатно однесување да не се повлекуваат кога ќе пријават – истакна Мицкоски.


















