Се осветија грозјето и житните зрна низ црковните храмови во нашата земја
Како што кажуваат постарите, на Преображение се преобразува и листот и гората, и каменот во водата, листовите почнуваат да жолтеат и да опаѓаат, а водата станува постудена, па не е за капење. На денешен ден, насекаде низ црковните храмови во нашата земја се осветија грозјето и житните зрна.
Прилепскиот црковен храм “св.Преображение”, или кај прилепчани познат како “Грчка црква”, денес ја слави својата црковна слава по повод големиот христијански празник св.Преображение.
Во овој православен, прилепски- црковен храм денеска имаше света литургијата, при што како и секоја година-така и оваа, голем број на прилепчани ја посетија оваа црква, си присуствуваа на божествената литургија, си запалија свеќа за свое, но и за здравјето на своите најблиски, бидејќи црквата е оној единствен патоказ по кој треба да се движиме.