АИРЛИЈА НЕКА НИ Е: Повторно поскапеа горивата
Вчера, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, и тоа во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година, при што од денеска, дел од горивата се продаваат по повисоки цени.
Актуелните цени на горивата од денеска се следни:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС / 95 92,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС /98 94,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) /86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) /84,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,436 денари/килограм