Денеска во посета на Битола е министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска

Сподели го ова:





























Денеска, битолскиот градоначалник Тони Коњановски оствари средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која е во посета на Општина Битола.

“На средбата стана збор за енергетската иднина на Битола, за новиот Закон за енергетика кој опфаќа широка лепеза на одговорности и за општините. Зборуваа и за новите можности за имплементација на енергетска ефикасност во јавни институции и потребата од вклучувањето на индивидуалните објекти во насока на подобрување на енергетската ефикасност.

Дел од регулативите се содржат и во Општинскиот енергетски план за 2026 година за Општина Битола, кој ќе се најде на наредната седница на Советот.

По средбата заедно со министерката Божиновска, како и Фатих Туркменоглу од ЕБОР присуствував на финалниот настан на програмата „Вештини на иднината“ насочена кон унапредување на знаењата и вештините на вработените во АД ЕСМ, кој се одржа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола” – истакна Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави