Чонески: Навистина е охрабрувачки кога гледаме млади луѓе кои со сериозност, посветеност и визија пристапуваат кон прашањата што ги засегаат

Сподели го ова:





























На втората работилница од проектот „Граѓански кругови – од институционален молк до дијалог предводен од млади“, младите од Крушево го подготвија својот конкретен младински предлог и го презентираа пред општината, со јасна идеја и план за реализација.

“Навистина е охрабрувачки кога гледаме млади луѓе кои со сериозност, посветеност и визија пристапуваат кон прашањата што ги засегаат. Имав чест да го споделам својот коментар и заедно да разговараме за предлозите што можеме веднаш да ги реализираме, како и за оние што бараат подолгорочна и посеопфатна работа.

Верувам дека преку ваков отворен дијалог создаваме подобри услови за младите и градиме Крушево по мерка на идните генерации.

Проектот го спроведува Про Локал во партнерство со Младински културен центар Битола, со поддршка на Општина Крушево, а е финансиран од Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO)” – истакна крушевскиот градоначалник Нико Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави