Сладоледи за животните во Зоолошката во Скопје
Зоолошката градина во Скопје на нејзината официјална страница на „Фејсбук“ објави едно видео врз основа на кое што може да се види како животните во оваа Золошка градина се разладуваат на овие високи температури.
На екстремно топло време и животните бараат разладување. Традиционално како и секое лето подготвивме сладоледи за нашите најмили. Поздрав од Мадагаскар екипата – истакнуваат од ЗОО-Скопје.