Погледнете! Населеното место “Селце” добива нов – урбан лик
Во населеното место Селце, целосно е асфалтирана нова улица со должина од 300 метри. Станува збор за уште еден важен проект за подобрување на патната инфраструктура, со што се овозможува побезбеден пристап за сите жители на Селце, и еднакви услови за живот во секој дел од општината.
Нашата цел е јасна – нема исклучоци, секое маало, секое населено место заслужува подобра инфраструктура! Остануваме посветени да обезбедиме подобри услови и услуги за секој еден од вас! – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.