СВР Битола со акција кај с.Беловодица- прилепско! Пронајде и одзеде кокаин и марихуана
СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.В.(40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.02.2026 на паркинг кај с.Беловодица, прилепско, на магистралниот пат Прилеп- Кавадарци, полициски службеници извршиле преглед на возило, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана – информира МВР.


















